Поранешната манекенка (54) е среќно мажена со бизнисменот Ренди Гербер (57) повеќе од 20 години.
А пред некој ден супермоделката објавила нивна заедничка слатка фотографија која настанала на нивното прво заедничко патување на кое отишле како брачен пар во далечната 1994 година.
“Мислам дека ова се важи”, напишала Синди Крафорд која била предизвикана од пријател да oбјави нешто со хаштагот #firstdatechallenge, тренд кој моментално кружи на Инстаграм.
На фотографијата која ја виделе нејзините 4,7 следбеници Синди носи бело бикини додека е во прегратката на Гербер.
Парот блеска на фотографијата, додека во позадина се гледа плажата на која уживале.
Синди и Ренди стапиле во брак во 1998 година и имаат две деца- 20 годишниот син Присли и ќерката Каја (18). Како и нивните познати родители и Присли и Каја се успешни во модниот свет.
Синди заедно со сопругот и ќерката се повлекле во куќата во Лос Анџелес бидејќи градот е затворен заради Ковид-19. Семејството живее во раскошен дворец кој се наоѓа во Малибу.