Честитки пристигнуваат и од другите членови на кралското семејство
Малиот Арчи, син на принцот Хари и Меган Маркл, денес наполни една година, а гордите родители објавија снимка на која неговата мајка му чита детска книга.
Арчи на видеото е насмеан додека седи во скутот на мама, а принцот Хари ги снима.
Симпатичното видео е снимено минатиот викенд во Калифорнија и ги воодушеви обожавателите, кои истакнаа колку Арчи личи на својот татко.
Видеото беше објавено утрово на Инстаграм „ Save the Children“ и е дел од кампањата за собирање финансиски средства каде славните читаат приказни.
Во видеото е прикажано како Меган му чита приказна на својот син и ги охрабрува другите да донираат помошна деца погодени од пандемијата со корона вирусот.
На видеото се слуша и горд татко кој се смешка зад камерата.
Претходно, другите членови на британското кралско семејство го честитаа роденденот на Арчи, вклучително ги принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, како и гордиот дедо, принцот Чарлс.
Арчи е осми правнук на кралицата Елизабета Втора и во моментов со своите родители живее во Калифорнија.