„Надвор е жешко“, напиша Клое Кардашијан, опишувајќи фотографија на која позира во костим за капење во леопард прин.
Реалити ѕвездата, Клои Кардашијан, го помина карантинското време во друштво на нејзината ќерка Тру, но славната сестра не губеше време ниту на деловен план. Радосно работеше на нејзиниот бренд Good American, кои неодамна воведоа линија на костими за капење, а таа скокна во еден од нив сама за да ги промовира.
„Надвор е жешко“, напиша Клои во описот на фотографијата на која позира во костум за капење во леопард принт. Фановите ја тушираа со комплименти, а сите и напишаа дека е прекрасна.
За време на карантинот, Кардашијан реши да работи на врската со таткото на нејзината ќерка, кошаркарот Тристан Томпсон. Светските медиуми зборуваа за смирувањето на поранешниот пар, и покрај распадот што се случи минатата година, откако кошаркарот ја изневеруваше Кардашијан и целата јавност дозна за тоа.
“Ние имаме дете заедно и ќе бидеме поврзани засекогаш. Сакаме нашата врска да биде што е можно поквалитетна”, рече Клои во една пригода, но не дефинираше дали се повторно во врска или само пријатели.