Макси здолништата се дефинитивно најженственото парче за оваа сезона. Тие станаа актуелни пред неколку сезони, и дури и ова лето го заржаа нивниот тренд. Секоја жена со стил мора да има барем една во нејзиниот гардеробер. Можете да одберете здолништа од сите бои и дизајни, а модните експерти посочуваат дека оние со цветни мотиви се комплетен хит. Плисираните модели се особено популарни. Овој модел на здолниште не е погоден само за попладневна прошетка низ градот, многу лесно може да се користи како дел од деловниот стил, и како стајлинг за излегување. Во зависност од остатокот од облеката, макси-сукња може да се носи во речиси секоја пригода. Ниту едно друго парче облека толку вешто не ги покрива колковите и бутовите, а кога ќе ги носите со потпетици, добивате визуелно подолги нозе.