Пејачката Северина Којиќ направи грешка кога во последната објава на социјалната мрежа Инстаграм објави цитат.
Покрај сликата на која позира во бела кошула, таа напиша: „Жените не сакаат да го слушнат тоа што ти го мислиш. Жените сакаат да слушнат што тие мислат … само со подлабок глас“, напиша Северина, повторувајќи ја реченицата што му се припишува на Бил Козби, актер осуден за силување повеќе жени!
Следбениците брзо го свртеа вниманието кон фактот дека Козби е осуден на повеќе години затвор поради силување, по што пејачката повторно се огласи, напиша дека „немала идеја“, и дека цитатот што го објавила веројатно не му припаѓа него. „Тој веројатно го слушнал некаде, па го присвоил“.
Потоа Северина ја избриша оваа објава.Пред две години, Козби беше осуден на затвор за дрога и силување на жртвата што го тужеше.