СЛАТКО, ОСВЕЖИТЕЛНО НЕ БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: Кремаст колач од праска (РЕЦЕПТ)

14 август, 20200
kolac

Потребни состојки:

  • 300 гр шлаг
  • 350 мл ладно млеко
  • 200 мл павлака
  • 150 гр мелена плазма
  • 200-225 гр плазма бисквити
  • 100 мл млеко за натопување бисквити
  • 50 гр чоколадо по ваш избор
  • 4-5 праски (300 гр)

За украсување:

  • какао
  • бисквити
  • рендано чоколадо

Подготовка:

Изматете ги со миксер шлагот со млекото.

Додадете павлака и повторно матете. Натопете една кутија плазма (околу 18 парчиња) во топло млеко и наредете ја во плех. Поделете го шлаг кремот на два еднакви делови. Додадете ја мелената плазма на еден дел и добро измешајте, а потоа премачкајте преку плазмата во тавата.

Излупете ги праските, изрендајте ги и исцедете го сокот. Во вториот дел од шлаг кремот, додадете 10 парчиња плазма кои сте ги искршиле со рацете и исечкано чоколадо. Потоа, премачкајте переку праските. Оставете да се излади во фрижидер околу 6-7 часа. Украсете по желба со еден од трите предлози или нешто по ваша желба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *