Славната убавица проговорила за секс сцената која ја снимила како тинејџерка: “Сакаа да играм во мокро бикини”

popara23 јуни, 20203min00
Capture 0

Меган Фокс го привлече вниманието на публиката со сцената во бикини во филмот “Bad Boys 2”.

Глумицата Меган Фокс (34) ја прозва филмската индустрија за немилосрдната омраза кон жените.

Меган, која моментално е во фокусот на вниманието на јавноста, поради разводит од Брајан Грин и врската со раперот Машин Ган Кели, проговори за својата кариера и своите искуства од снимањата. Наиме, порано се покрена расправа на интернет за тоа дека лошо се однесувале кон Фокс на почетокот на нејзината кариера и дека ја сексуализирале како тинејџерка.

Глумицата им се заблагодари на сите за поддршката па го раскажа своето искуство со режисерите Михаел Беј и Стивен Спилберг, за кое се дискутираше.  “Благодарам на потпората. Преживеав некои навистина грозни искуства во немилосрдната индустрија која ги мрази жените”, истакна таа. Во филмот “Bad Boys 2” режисерот, според написите, побарал од неа да носи бикини и да игра…

“Тогаш имав само 15 или 16 години. Имаше неколку интервјуа во кои раскажав како бев избрана за таа сцена. Важно е да се истакне и дека имав околу 19 или 20 години кога бев на аудицијата за филмот “Трансформери”, напиша.

Објасни како не се соблекувала и не морала да пере нечиј автомобил бидејќи тоа било вистинското сценарио. “Кога се работи за моето директно искуство со Мајкл и Стивеn, никогаш не ме злоставувале, регрутирале или нешто друго во сексуална смисла”, рече Меган. Додаде дека е благодарна на оние кои се доволно храбри да прозборат за насилството и злоставувањето кое го доживеале.

View this post on Instagram

May we all continue waking up❤️

A post shared by Megan Fox (@meganfox) on

Расправата за почетоците на актерската кариера покрена стара снимка од интервју од 2009-тата со водителот и комичар Џими Кимел. Се појави на Твитер, а во видеото Меган проговори за снимањето на филмот кога имала 15 години.

“ Само што наполнив 15 години и глумев споредна улога во филмот ‘Лоши момци’. Снимаа сцена во клуб и ме донесоа, а јас носев бикини, црвени каубојски шешир и штикли. Беј тоа го одбри, а тие го предупредија дека сум малолетна и дека не можам да пијам алкохол. Неговото решение на тој проблем беше да играм под водооад и бикините да ми се намократ”, рече Фокс Кимел.

Јавноста ја згрози тоа што Кимел наместо да се сочувствува тој кажувал непримерни шеги за нејзината тинејџерска сексуалност. Коментираа како видеото е невкусно и одвратно и со тоа истакнаа дека Холивуд лошо ја третирал Фокс.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma