Oваа недела беше објавено дека Џенифер Анистон донирала 1 милион американски долари на организацијата “Color of Change”, откако беше длабоко повредена од смртта на Џорџ Флојд.
Актерот, исто така, донираше 1 милион американски долари на организацијата и потврди дека ќе ја поддржи Џенифер во нејзината одлука, но дека и тој ќе го направи истото.
- “Бред присуствуваше на протестите во Лос Анџелес, а утредента беше кај неа дома. И двајцата се премногу солидарни и сакаат да помогнат колку што можат” – изјавил извор близок на поранешниот холивудски пар.
“Color of Change” е организација којашто се бори за еднакви права на црнците во Америка.
Инаку, Бред Пит и Џенифер Анистон се разведоа во 2005та година, по пет години брак, но и понатаму останаа пријатели.