СЛАВНИОТ МУЗИЧАР ЈА ПРОДАВА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ЗА САМО 18 000 000 ЕВРА: Пејачот кој успеа да скара 2 светски БОМБИ живее во овој ЛУКСУЗ! (ФОТО)

popara16 декември, 20204min0
2407593_profimedia0575207356-1_ls

Популарниот канадски музичар Д Викенд работи напорно во последните шест месеци за да ја продаде својата скапа вила во Лос Анџелес.

Се чини дека пандемијата влијаела и на неговиот паричник, па славниот пејач се обидува да добие „малку“ готовина што е можно поскоро. Својата пространа вила ја продава за 18 000 000 евра.

Во 2017 година, пејачот беше почестен со нова луксузна вила во дел кој го обожаваат богатите и славните. Раперот тогаш издвои дури 17.000.000 евра за неговиот нов дом од вкупно 1.200 квадратни метри. Но, се чини дека сега му е доста од тоа.

Во внатрешноста на куќата моментално има простор за девет спални соби и единаесет бањи, а во внатрешноста на вилата има пространа дневна соба со удобни софи. Во кујната, доза на раскош обезбедуваат работните плочи од мермер во комбинација со контрастни кујнски делови.

Во прилог на затворениот базен, кој е специјално осветлен ноќе, на имотот има и тераса. Тука има и кошаркарско игралиште, винарска визба и мултимедијална просторија, како и куќа за гости со сопствен камин на отворено, штала и гаража во која можат да се сместат пет автомобили.

Инаку, славниот музичар успеа да ги заведе Селена Гомез и Бела Хадид. Пејачот е причина за заладување на односите помеѓу двете млади sвезди, затоа што Селена започна да се забавува со Д Викенд непосредно откако ја раскина врската со Бела.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma