Сложувалка од 570 парчиња: Дали е ова најтешката сложувалка за сложување?

popara14 мај, 20201min00
61882242

Земете во предвид дека сложувалката нема никаква илустрација која ќе го олесни сложувањето, па затоа важно е да се фокусирате на обликот на секое парченце.

За време на пандемијата на Корона вирусот, многумина слободното време го користат за склопување на сложувалки. Оваа активност не само што е забавен начин да го потрошите слободното време, туку и продуктивен начин како да ја зајакнете концентрацијата и да ја подобрите перцепцијата.

Произведувачот на кечап Heinz од Канада одлучил да им зададе дополнителен предизвик на сите оние кои склопуваат сложувалки па на пазарот преставил своја верзија на популарната игра. Станува збор за сложувалка од 570 парчиња која го илустрира нивниот кечап. Поточно, целата сложувалка е во црвена боја идентична на бојата на нивниот производ.

Со оглед на тоа дека сложувалката нема никаква илустрација којa ќе го олесни сложувањето, важно е да се фокусирате на обликот на секое парченце. Заради монотоноста на самата сложувалка, некои велат дека оваа сложувалка е најтешка за сложување, а други, дека е најдосадна.

Во претставништвото на канадскиот Heinz тврдат дека ова може да е убедливо најспората сложувалка на светот и идеална за деца постари од 3 години но и за возрасни кои сакаат да се забавуваат.

Бројот на сложувалките е ограничен, а примерок може да освоите бесплатно ако ги следите правилата на нивната наградна игра на Instagram. Со среќа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag