Името на славниот американски рапер Канје Вест сепак ќе се појави на гласачкото ливче, во сојузната држава Оклахома, пренесува “The Guardian”.
Случајот со кандидатурата на Вест е целосно збунувачки, со оглед на тоа што пред само неколку дена светските медиуми напишаа дека Вест „испаднал од игра“.
Раперот плати 35.000 долари за да се кандидира како независен кандидат. Тој е еден од трите независни кандидати и стои рамо до рамо во трката со пијанистот Џeјд Симонс и претприемачот Брук Прис.
Треба да се потсетиме дека член на неговиот тим порано им кажал на медиумите дека Канје Вест нема да биде кандидат, но ситуацијата очигледно се менува од ден на ден.
Вест ја објави својата претседателска кандидатура на 4 јули оваа година на својот официјален профил на Твитер.