Пред само неколку дена, мега популарната американска раперка Ники Минај, по неколкумесечните шпекулации од фановите, откри дека е бремена со полугол пост на социјалните медиуми. Иако конечно го призна тоа , луѓето немаа можност да ја видат во јавноста и како изгледа кога не фотошопирана, како фотографиите што ги објавува на Инстаграм. Таа била „фатена“ на излез од нејзиниот стан на патот кон приватно возило, но изразот на лицето не и изгледал премногу весел.
Шпекулациите за можна бременост почнаа да се шират кај нејзината публика уште во март годинава, но до неодамна, сè беше само гласина. Но, очигледно сега и тргна затоа што конечно ја дочека и својата венчавка, за која веќе долго време сонува, и покрај тоа, го очекува своето прво дете со сопругот Кенет Пети. Додека во текот на целата приказна се чини дека нејзиниот живот во моментот не би можел да биде подобар и не може да биде посреќна, нејзиното прво појавување во јавноста после големото признание не ја испрати истата порака. Таа беше облечена опуштена комбинација, и излезе од својот двор пишувајќи на нејзиниот мобилен телефон со не толку весел и зрачен израз на лицето.