
Синот на Светлана Цеца Ражнатовиќ ги објави првите чекори на Жељко Ражнатовиќ
Синот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Вељко Ражнатовиќ, на Инстаграм објави видео од неговиот син Жељко додека учи да оди.
На видеото се гледа како неговата сопруга Богдана го држи Жељко, кој се обидува да му „истрча“ на татко му.
Колку Вељко бил среќен, покажува и фактот дека цело време го охрабрувал својот наследник.
“Кој тоа оди? Кој тоа шета на тато?”, повтори Вељко и Богдана се насмевна.