Харисон Форд кажа трогателни зборови за збогување со Шон Конери со кого глумеше во филмот „Индијана Џонс и последната крстоносна војна“.
Холивудскиот актер Харисон Форд со трогателна изјава се прости од легендарниот Шон Конери, кој почина на 90-годишна возраст, со кого го направи едно од продолженијата на филмот за истражувачот Индијана Џонс. “Тој беше мојот татко. Не во реалниот живот, но тој е третото продолжение на Инди”, изјави Харисон (78) за „Варајети”. Харисон и Шон играа заедно во филмот „Индијана Џонс и последната крстоносна војна“ во 1989 година.
“Не сте сретнале задоволство се додека некој не ви плати да го возите Шон Конери во руски модел мотор со приколка што скока по трнлив планински пат и го гледа како се грчи. Боже, како се забавувавме. Ако е во рајот, се надевам дека имаат терен таму за голф. Почивај во мир, драг пријателе “, додаде Харисон во својата изјава.
Патем, „Индијана Џонс и последната крстоносна војна“ е третиот филм снимен во кој авантуристичкиот археолог тргнува во потрага по неговиот татко Хенри, кој беше киднапиран од нацистите. Излезе во 1989 година и заработи 474,3 милиони долари на светскиот бокс-офис. Шон беше номиниран за БАФТА и Златен глобус за неговата улога во филмот.