Прељубниците честопати ги „маѓепсуваат“ шармантни и неодоливи жени или завршуваат во туѓ кревет после пијано излегување. Ако мислите дека мажот ве изневерува, тоа е најверојатно е со некој што го познавате…
Се претпоставува дека мажите имаат поголема веројатност да најдат помлади, поубави и позгодни љубовници, пишува Your Tango .
Зошто мажите изневеруваат? Додека луѓето што изневеруваат имаат различни причини за своето неверство, еден од најинтересните аспекти е како луѓето ја избираат личноста со којашто на крајот изневеруваат.
Неверството честопати се перцепира како нешто што се случува на каприциозен начин: прељубниците честопати ги заведуваат шармантни и неодоливи жени или завршуваат во туѓ кревет како резултат на пијанство.
Сепак, изгледа дека тоа всушност и не е така. Your Tango и веб-страницата за афери Ashley Madison соработувале за да дознаат повеќе за она што луѓето мислат за нивните врски и за неверството.
Во истражувањето на повеќе од 1300 мажи и жени, тие откриле не само зошто мажите и жените изневеруваат, туку и како ги избираат луѓето со кои изневеруваат.
Тие го гледаат „другиот“ како мистериозен, заводлив, кој со брзина на светлината влегува во нивните животи и маѓепсува, потполно ги обзема. Но, истражувањето покажало дека ако мислите дека мажот ве изневерува, тоа е најверојатно со некој што го познавате.
Од 400 мажи кои одговориле на анкетата, 27% рекле дека доколку би биле во несреќна врска, ќе и пристапат на некоја што веќе ја познаваат, а 23% рекле дека би се запознале со странец на патување или во бар.
Не мора да се грижите дека мажот ќе ве изневери кога е излезен со своите машки пријатели. Но, тоа не значи дека вашата врска е „чиста“ затоа што според истражувањето, 44% од мажите изневеруваат, а други 55% од мажите барем размислувале за тоа.
Да, буквално 99% од мажите или изневеруваат или размислуваат за неверство.
Па, со кого изневеруваат? Прво ќе помислите на неговите соработнички, неговите пријателки, вашите пријателки… И има смисла. Откако ќе воспоставите темели на пријателството, понатамошните чувства лесно се развиваат. Не можете секогаш да ги спречите тие чувства, дури и ако веќе сте во врска.
Од друга страна, истражувањето покажа дека 39% од жените ги изневеруваат своите партнери, а другите 35% барем размислувале за тоа. Тоа не значи дека 74% од жените се лоши, тоа значи дека 74% од односите не се искрени и исполнети.
Според Ashley Madison, задоволувачкиот секс е главен мотиватор за барање љубовник, а 43% од анкетираните жени признале дека бараат таков однос, односно афера.
Ова веројатно се должи на фактот дека 49% велат дека сопругот им дава оргазам „понекогаш“ или „ретко“ во споредба со 59% кои велат дека доживуваат оргазам „секогаш“ или „поголемиот дел од времето“ со вонбрачниот партнер.
Општи повратни информации од жените се дека сексот со сопругот е здодевен и нивниот сопруг не работи доволно напорно за да ги задоволи. Со текот на времето, тие бараат афера затоа што не се чувствуваат посакувани или не добиваат доволно внимание од партнерот.