Забоболката често предизвикува големи проблеми, а во случај на силна болка, се препорачува да се оди на стоматолог.
Меѓутоа, во случај да не можете да одите кај стоматологот, ви носиме рецепт за домашен лек што секако помага.
Состојки:
1/2 лажичка каранфилче во прав;
1/2 лажичка масло од кокос;
Прашокот од каранфилче содржи еугенол – хемиско соединение кое ја ублажува болката. Кокосовото масло има антимикробни својства.
Подготовка и употреба:
Во стаклен сад измешајте ги овие две состојки и направете паста. Користете четка за заби за да ја нанесете пастата на заболениот заб. Повторете ја оваа постапка 3 пати на ден и болката ќе исчезне.