Има ли нешто поубаво од свежи јагоди кога се во сезона? За жал ова овошје брзо се расипува, особено ако е органско.
За среќа, постои трик со кој може да им се продолжи рокот на траење.
Што треба да направите?
1. Во голем сад помешајте половина литар обична вода со 100 мл оцет.
2. Нежно префрлете ги купените јагоди во растворот со оцет и оставете ги да се натопат неколку минути. Оцетот ќе ги отстрани бактериите заради кои јагодите скапуваат. Не грижете се, вкусот на оцетот нема да се чувствува.
3. Јагодите потоа префрлете ги на хартија и исушете ги. Колку подобро ги исушите, толку подолго ќе траат.
4. Ставете ги во кутија со хартиена подлога која ќе ја впие влагата. На тој начин јагодите долго ќе останат свежи во фрижидерот.
Експретите препорачуваат да ја оставите и рачката на јагодите што е можно подолго зашто и таа го спречува скапувањето.
Доколку приметите дека некоја јагода скапува, фрлете ја и на тој начин спречете ја контаминацијата на целото пакување.