Софија Вергара викендот го помина уживајќи дома покрај базенот, а на својот Инстаграм профил објави две фотографии на кои позира во костим за капење.
На првата фотографија таа се одлучи за бел костим за капење без прерамки, а својата половина ја истакна со црн ремен.
На втората фотографија, актерката која е на работ на 50-тите години позираше во портокалов костим за капење, кој беше исечен од страните.
Фановите не штедеа комплименти.
„Најубавата жена“, „Убава“, „Изгледаш убаво“, „Толку си убава“, „Невозможно е да изгледаш толку добро“, коментираат тие.
Софија ја одржува својата беспрекорна линија со редовно одење во теретана. Нејзиниот тренер Џенифер Јејтс во интервју за магазинот Мари Клер откри дека актерката оди на лента и прави специфични вежби чија цел е глутеусот.
„Не сака да трча, понекогаш вози велосипед околу 15 минути, но повеќе сака да оди“, објасни нејзиниот тренер.