„Ако вашата врска е добра и цврста, вие веројатно не би сонувале дека го изневерувате вашиот партнер“, се зборовите што многу жени ги слушаат кога им се жалат на пријателките за своите соништа.
Но, пред да започнете да паничите и пред да му признаете „неверство во сон“ на вашиот партнер, важно е да знаете дека не сте лоша личност заради споменатите соништа и можеби вашата потсвест едноставно не може да се препознае како моногамна.
Што е измама за вас и како изгледаше сонот? Откако ќе ја утврдите основната дефиниција на „мамење“, поставете си ги следниве прашања: Што точно направивте во сонот? Како се чувствувавте? Дали вашиот партнер се појавил и во тој сон или сте биле свесни за неговото постоење? Одговорите на овие прашања може да го „отклучат“ метафоричкото значење на вашиот сон. Но, тие би можеле да носат неколку значења, а овие се најчестите:
Се чувствувате виновни за нешто од реалниот живот
„Во истражувањето и искуството да им помогнам на клиентите да разберат што значи прељубата во нивниот сон, открив дека главната причина зошто луѓето изневеруваат во соништата е затоа што – длабоко во себе – тие се чувствуваат виновни или загрижени за нешто што го прават“, вели Лора Ловенберг, овластен аналитичар за соништа и член на Меѓународната асоцијација за проучување на соништата (ИАСД)
Нешто недостасува во моменталната врска
Според Ловенберг, втората најчеста причина за соништата во која го измамувате партнерот е тоа што сметате дека на сегашната врска и недостасува возбуда и страст.
Можеби сте имале партнер кој ве изневерил или сте биле сведок на неверство
„Можеби првата точка на поврзаност со соништата како овој, е фактот дека сте имале родители кои поминале низ процесот на изневерување или родител кој бил виновен за неверство“, вели Барет. Сосема е нормално да размислувате за такви работи и дека тие ве „тераат“ од време на време на такви размислувања, но тоа не значи дека тоа повторно ќе се случи или дека ќе станете како вашите родители и ќе го направите истото.