Сопругата на Коби Брајант, по смртта на својот сопруг успеа да пронајде причина за среќа!

popara26 мај, 20201min00
vanesa Brajant

Ванеса Брајант, сопруга на прерано загинатиот NBA кошаркар Коби Брајант кој на 26ти Јануари оваа година го загуби својот живот во хелихоптерска несреќа заедно со својата ќерка Џиџи, успеа да пронајде причина за среќа. Како што истакнува и самата, поврзаноста помеѓу неа и нејзините три ќерки, седумнаесет годишната Натали,  тригодишната Бјанка и единаесетмесечната Капри, сега е уште посилна! Токму затоа и не е воопшто чудно колкава радост предизвикаа првите чекори на најмалата ќерка, Капри.

https://www.instagram.com/p/CAmITBeAkFO/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again

Поточно, Ванеса објави преслатко видео на својот Инстаграм профил кадешто можеме да видиме како малата Капри проодува.

За тоа колку таа ужива во мајчинството сведочат  бројните објави на социјалните мрежи. Така, на почетокот од месецот таа и оддаде почит на својата трагично загината ќерка по повод нејзиниот роденден.

https://www.instagram.com/p/B_08hEoDqR6/?utm_source=ig_embed

“Мама те сака повеќе од тоа што некогаш ќе можам да ти покажам. Ти си дел од мојата душа засекогаш. Премногу ми недостигаш.” – е само дел од роденденската честитка која што Ванеса јанапиша за својата прерано изгубена ќерка, Џиџи Брајант.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma