Актерот Џо Манганиело (43), најпознат по улогата во филмот Волшебниот Мајк, е еден од оние кои се неопходни на сите списоци на најатрактивни мажи во светот. Сопругот на актерката Софија Вергара (48) победува и со лицето и со беспрекорно извајаните мускули, а сега направи драстична промена на фризурата која ги засени сите негови атрибути. Имено, Џо се појави на роденденската забава на актерот Џеси Тајлер Фергусон, колега на Софија од серијата „Модерно семејство“, со „Чироки“ и изветвена коса.
Реакцијата на неговите фанови е, благо речено, неочекувана.
„Зошто го направи ова?“, „Не знам за што ти требаше ова“, „Не личиш на себеси“ … се само некои од коментарите што ги доби. Како што шпекулираат некои обожаватели, Манганиело најверојатно ја сменил фризурата заради неговата улога во филмот на Лигата на правдата на Зак Снајдер.