Сораја се ОМАЖИ за милионер од Холандија! Старлетата направи ТАЈНА ВЕНЧАВКА, еве кој бил присутен!

popara5 мај, 20201min00
soraja

Сораја Вучелиќ, наводно, тајно се омажила во Амстердам пред четири месеци.

Според извор, старлетата веќе една година го крие својот партнер, па затоа го чува и својот брак во тајна.

„Неколку пријатели беа запознаени дека таа има некој во Холандија, дека го посетува на еден месец или два, но никој немаше поим дека ќе стапат во брак“, објаснува изворот и открива дека Вучелиќ ненадејно известила неколку нејзини пријатели на почетокот на декември дека стапи во брак.

“Сара отпатувала во Амстердам два месеци пред да се омажи за да биде со нејзиниот партнер. Кога им кажала на пријателките дека ќе се мажи, тие мислеле дека се шегува, сè додека не им објаснила дека закажала свадба и не сака да биде сама на овој ден“, вели извор кој истакнува дека на венчавката присуствувале само кумовите и неколку пријатели.

“Многумина замислуваа дека кога Сара ќе го најде вистинскиот, таа ќе се омажи помпезно, ќе направи гала прослава со 500 луѓе, ќе смени пет венчаници и ќе бидат присутни сите медиуми. За разлика од тоа, таа повика три пријателки и се омажи во тајност. Нејзиниот партнер, г-дин Масони исто така, покани пет пријатели, па по официјалниот дел отидоа во најскапиот ресторан и прославија. Иако сите кои ја познаваме се изненадени од нејзиниот брак, важно е дека таа е среќна и ја смета нејзината одлука исправна. Со овој човек е вистински исполнета, нема сомнение дека тој е сериозен мангуп кога успеал да ја фати Сара која бегаше од бракот како ѓавол од крстот. По венчавката, заминаа во Франција, каде го поминаа зимскиот одмор на Алпите и уживаа во луксуз“, заклучува изворот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma