Изненадете ги вашите најблиски со различни десерти.
Доколку сакате да украсувате слатки или едноставно сакате да ја изненадите саканата личност на посебен начин, овој трик е вистинското решение за вас.
Дури и кога немате професионални алатки и кујнски прибор, нема да ви треба премногу напор за вакво нешто. Всушност, сè што треба да направите е да бидете трпеливи додека растопеното чоколадо не се излади целосно или не се зацврсти.
Постапката е лесна.
Потребно ви е омиленото чоколадо, тенџере со вода и хартија за печење.
Прво, истурете вода во тенџерето и загрејте ја. Кога ќе почне да врие, внимателно спуштете го неотпакуваното чоколадо во водата.
Неколку секунди се сосема доволни за чоколадото да се стопи во вреќата. После тоа, извадете го од шерпата и исечете еден агол. Колку помал исечете, толку потенок ќе биде чоколадниот млаз.
Ставете ја хартијата за печење на рамна површина, а потоа напишете ги имињата или зборовите.
Почекајте најмалку дваесет минути додека чоколадото се излади целосно и додека не се зацврсти.
Во следниот пример, се користи професионален шприц, но принципот е ист.
Убаво и необично.
И зошто да не, запомнете го овој трик следниот пат кога ќе посакате да изненадите некого!
Погледнете го видеото: