Во шминкањето важно е да правите разлика меѓу средствата за покривање и коректорот.
Коректорот со течна текстура е направен за мали корекции на тенките делови на лицето: околу очите и во пределот околу носот. Производите со кремаста структура имаат густ премаз и се наменети за маскирање на капиларните мрежи, воспалените места и местата со мало оштетување на кожата.
Доколку сакате да ги покриете темните кругови под очите одберете полесни покривачи. Густиот тон ќе ви ги затне брчките и ќе ги зголеми вашите напори за да ја покриете несовршеноста.
Како да користите коректор:
Најпрво треба да ја подготвите кожата за нанесување на шминка. Исчистете ја и навлажнете ја. Дајте и пет минути на кремата да се впие во кожата. Под шминката нанесете база која не само што ќе ја направи шминката поотпорна, туку ќе и овозможи на шминката подобро да лежи.
Ако забележите на лицето капилари, пеги и сл. маскирајте ги со коректор, со нанесување на проблематичната област.
Сега кога го изедначивте тонот на кожата, делот околу очите се истакнува. Најчесто е потемен од останатиот дел од лицето. Причина за тоа е неправилен сон, замор, лошо здравје…Покривачот ќе ви помогне да ги сокриете недостатоците. Нанесете го под долниот капак, на мостот на носот и на средина на брадата- со оваа техника лицето ќе ви изгледа посвежо, а кожата поздраво.