Совети за перење во време на пандемија од коронавирус!

popara16 април, 20201min00
перење

Чистењето игра голема улога во заштита од бактерии за време на пандемијата од коронавирус.

Веќе ги знаеме најдобрите начини за чистење на тврди површини и за сите производи кои ги купуваме од продавница, но еве неколку совети за перење.

Сè уште нема научни докази дека коронавирусот може да се пренесува преку текстил и постелнина. Сепак, придржувајте се кон следниве совети:

Користете ја најтоплата можна вода

Предметите треба да се перат на препорачаната температура за нив. Користете ја најтоплата можна вода која е безбедна за материјалите (внимавајте да не ги оштетите)  и исушете ги комплетно.

Не користете екстра прашок

Иако изгледа дека може подобро да ги испере алиштата, продолжете и понатаму да ја користите соодветната количина на прашок за перење како и досега.

Не ја преполнувајте машината

Алиштата треба да циркулираат слободно за да можат да се исперат подобро.

Осигурајте се дека алиштата се комплетно суви

Процесот на сушење е особено важен. Доколку се прави во машина за сушење, многу е веројатно дека самиот процес ќе ги убие вирусите.

Перење доколку имате болен од коронавирус дома

Користете кеси за веш за еднократна употреба, особено за постелнината. Не ги тресете облеките и постелнитата кога ги земате, се што е на нив може да се пренесе преку воздух. Не е потребен специјален прашок за перење доколку имате болен дома, а неговите облеки можат слободно да се перат со вашите . Користете ракавици кога работите со алиштата на болниот.

Препораката е секако, во сите случаи иста- да се мијат раце по ракување со алишта за перење.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag