Состојки:
За тестото:
– 100 гр путер
– 150 гр брашно
– 1/4 л вода
– 4 јајца
– прстофат сол
– 10 гр путер за премачкување на плехот
– шеќер во прав
Фил:
– 600 мл млеко
– 8 лажици шеќер
– 1 лажица путер
– 4 жолчки
– 4 лажици брашно
Подготовка:
Путерот, водата и солта ставете ги да се варат. Тргнете ги од шпоретот и веднаш истурете го брашното. Мешајте за да се изедначи масата.
Додавајте едно по едно јајце и постојано мешајте.
Наполнете го шприцот и исцедете го тестото во подмачкана тава.
Печете околу 20 минути на 220 степени, без да ја отворите рерната.
Ставете половина литар млеко, 4 лажици шеќер и путер да се варат.
Изматете 4 жолчки со 4 лажици шеќер, 4 лажици брашно и 100 мл ладно млеко. Варете како пудинг и изладете го филот.
Исечете ги ладните крофни на половина, пополнете со фил и посипете ги со шеќер во прав.
Пријатно!