Австралиската глумица Маргот Роби ќе ја има главната улога во новото продолжение на Пиратите од Карибите, во филмот каде што ќе доминираат жените. Славната Disney филмска франшиза треба да го претстави филмот во сосема ново светло.
Новото продолжение, кое е во рана фаза од развојот, претставува нов обид на Холивуд, филмски хитови повторно да бидат снимени со жени во главната улога, како во филмовите “Ghostbusters” во 2016 со Мелиса Мекарти , и “ocean’s 8” во 2018. Каде што сите главни улоги на криминалци беа женски.
Засега нема никакви информации во врска со филмот за кој сценариото го пишува Кристина Ходсон. The Hollywood Reporter објави дека станува збор за нов проект кој нема никаква врска со претходно најавениот филм од франшизата кој нема да има “женски акцент”.
Петте филмови од досегашната франшиза на Пиратите од Карибите, во кои Џони Деп ја играше главната улога на Џек Спероу во 2003 на кино благајните заработија повеќе од 4,5 милијарди долари.