Стивен Кинг, ветеранот на хорор романите бил гостин во емисијата на Стивен Колберт во којa бил прашан дали пандемијата игра по сценарио кое би го замислил и самиот Стивен.
“Во далечната 1975 година напишав книга наречена “The Stand”. 40 години подоцна, се каам што ја напишав. Луѓето ми приоѓаат со маски на лицата и коментираат дека се чувствуваат како да живеат во некоја од приказните на Стивен Кинг. Јас им одговарам дека жалам заради тоа.”
Тој објаснил дека за идејата за книгата се консултирал со медицински експерт, кој му дал хипотетичко пандемиско сценарио базирано на грип.
“Мојот страв околу коронавирусот е дека работите ќе се вратат во нормала, но дека вирусот ќе мутира и ќе се врати, што дава две можности”, рекол тој.
“Првата е дека вирусот ќе се врати многу послаб и со тоа нема да биде проблем неговото постоење. Но кошмарното сценарио кое се врти во мојата глава е дека вирусот ќе се врати посмртоносен од претходно.”
Тој исто така кажал дека пандемијата му предизвикала огромен стрес. “Понекогаш имагинацијата е ужасна работа. Замислувам бактерии големи колку тркала како лазат на моите раце”, кажал тој.