Капитенот на двократниот европски првак Вардар Столе Стоилов е позитивен на вирусот ковид -19, пренесува „Спортмедиа“.
Стоилов после вчерашниот тренинг се пожалил на малаксоност, а тестот на коронавирусот се покажал позитивен. Македонскиот репрезентативец веднаш е изолиран во домашни услови и се наоѓа во добра здравствена состојба.
Останатите ракометари на Вардар денеска ќе направат тестови и ако бидат негативни ќе продолжат со подготовките за дуелот со Нексе во 1/4 финалето од регионалната СЕХА лига.
За потсетување, Стоилов пред неколку денови доби принова во семејството откако на свет неговата сопруга Денива го донесе Бојан.