Сторија што го ,,потресе“ позитивно цел Њујорк

popara3 април, 20202min00
њјурок

На прашањето како да и пријдете на девојка за време на карантин или полициски час, малкумина го имаат одговорот, затоа што денес целиот свет е осуден на изолација, а социјалните мрежи советуваат разговори преку видео повици. Сепак, Џереми Коен, млад фотограф од Њујорк, најде решение.

Додека седел сам на својот балкон, видел девојка како танцува на соседниот покрив. Како да и пријде кога никој не ја напушта својата куќа ?! Тој мавтал по неа, а таа му возвратила.  Сепак, Џереми не се предал, му паднало на памет да и испрати порака со помош на дрон. На хартијата што ја закачил, го оставил својот телефонски број. И наскоро ја добил пораката – “Здраво, јас сум девоката од покривот!”

Тори Синџарела, 20-годишната девојка од Њујорк, била воодушевена и се согласила на првата средба. Како што вели таа – тоа е дефинитивно највозбудливиот момент во нејзиниот живот во последните две недели.

Тие се договориле да „излезат на вечера“. Сепак, во добата на корона, секој од нив си поставил прибор за јадење на својата тераса. Понатаму, комуникацијата се одвивала преку телефон.

На втората средба Џереми решил да ја запознае Тори од поблиску. За да не се доведат во опасност, тој околку себе имал огромен надуван балон и се појавил со цвеќиња на нејзината врата. Тој не бил во можност да и ги предаде цвеќињата, а неколкумина минувачи биле воодушевени од глетката на парот што шета низ улиците на Големото јаболко. Дури и полицијата, која ги запрела, побарала само да направи едно селфи со нив!

View this post on Instagram

How to date a Quarantined Cutie, Part 3.

A post shared by Jeremy Cohen (@jermcohen) on

Џереми се надева дека сега Тори ќе смисли начин за нивниот трет состанок. Фотографот, кој го сними секој чекор и го објави на социјалните мрежи, има десетици милиони прегледи.

Јасно е колку на луѓето денес им треба барем една убава приказна од карантин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag