Во Италија, во последните 24 часа се регистрирани 1.071 нови случаи на коронавирус, така што бројот на ново заразени за еден ден надминува илјада за прв пат од мај, кога владата ги олесни строгите мерки за карантин. Последниот пат кога во Италија имаше повеќе ново заразени лица беше на 12 мај, кога беа регистрирани 1.402 случаи, шест дена пред укинувањето на десетнеделниот карантин, пренесува Ројтерс.