СТРАШНО! И децата кои немале симптоми на корона имаат ПОСЛЕДИЦИ: Научниците го открија најопасниот синдром

popara13 декември, 20202min0
shutterstock_1685807266_800x480

Долго време се сметаше дека децата генерално не се осетливи на САРС-КоВ-2 и КОВИД-19, бидејќи повеќето инфекции се главно лесни или асимптоматски. Сепак, уште во мај, медиумите известуваа за ретки, но тешки форми на болеста кај деца придружени со тежок воспалителен синдром. Според првата анализа, таков синдром се јавува во просек кај две од 100.000 заразени деца и тинејџери.

Таканаречениот мулти-инфламаторен синдром (MIS-C) предизвикува висока температура, силна болка во стомакот и воспаление на крвните садови и ткива, а доколку не се лекува, може да предизвика колапс на крвниот проток и оштетување на коронарните артерии. Затоа, системското оболување потсетува на Кавасаки синдром, автоимуна болест што се јавува само кај мали деца.

Три до четири недели по „незабележителна“ инфекција од корона вирусот

Тим научници од Детската болница во Тексас, собрани околу Мубашир Ахмед, откриле дека воспалителниот синдром предизвикан од корона вирусот е потежок од синдромот Кавасаки, и дека се јавува и кај постарите деца. Тие анализирале 662 случаи на МИС-Ц, регистрирани ширум светот од јануари до јули 2020 година, со просечна возраст на децата околу 9,3 години, пренесува scinexx.de.

Резултат: спротивно на очекувањата, воспалителниот синдром одеднаш може да влијае дури и на навидум здрави деца.

– Податоците покажуваат дека децата порано немале класични симптоми на дишните патишта. Тие немаа никакви симптоми, никој не знаеше дека се заразени, а неколку недели подоцна се појави сериозно воспаление, што е навистина застрашувачко – изјави колегата на Ахмед, Алваро Мореира.

Најновите откритија укажуваат дека последиците од инфекцијата со вирусот САРС-КоВ-2 може да се појават подоцна кај децата, како и оштетување на срцето или невролошки нарушувања кај возрасните.

Висока температура, шок, интензивна нега

Воспалителен синдром предизвикан од  корона вирусот обично се манифестира со висока температура, повраќање и силна болка во стомакот.

– Понекогаш болките во стомакот се толку силни што децата постојано се дијагностицираат погрешно со воспаление на слепото црево – објаснуваат научниците.

Кај 60 проценти од заразените деца, системското воспаление предизвикало состојба на шок.

Седумдесет проценти од погодените деца биле ставени на интензивна нега, 22 проценти биле поврзани со апарати, а околу четири проценти биле подложени на надворешна испорака на кислород до крвта. Меѓутоа, во повеќето случаи, синдромот престанува по неколку дена интравенска инјекција на имуноглобулини, кортизон и други антиинфламаторни лекови.

Меѓутоа, единаесет од 662 деца починале, со најголем број на дебели деца и оние кои веќе страдале од одредени болести, објаснуваат научниците од Тексас.

Оштетување на срцето и коронарните артерии

Научниците се особено загрижени за последиците од MIS-C врз срцето, бидејќи „скоро 90 проценти од децата имале ЕКГ поради значително ослабена функција на срцето“, вели Мореира. На половина, ЕКГ-то покажа нарушена функција на срцето, а кај многу деца, коронарните артерии беа проширени. Десет проценти од децата развиле аневризма, зголемување на крвниот сад.

Тропонинот што е протеински комплекс кој се ослободува од клетките на срцевиот мускул кога се оштетени или умираат, на пример, по срцев удар, исто така, укажува на оштетување на срцето. Кај деца со воспалителен синдром предизвикан од вирусот корона, нивото на тропонин било дури 50 пати поголемо од нормалното, велат научниците, кои ја објавија студијата во списанието „Лансет“.

(ВИДЕО)Докторката тврди дека го знае вистинското потекло на корона вирусот.

За преглед на видеото ПРИТИСНЕТЕ ТУКА

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma