Не беше добро
Откако медиумите го објавија нивниот наводен развод кон крајот на минатата година, една од омилените актерки во Холивуд, 52-годишната Џулија Робертс и сопругот, 51-годишниот снимател Даниел Модер, повторно се предмет на пишување на американските медиуми. Поради последните неколку фотографии заедно, многумина сметаа дека се е во ред. Но, ни тоа не ги запре медиумите, така што деталите за нивниот брак сè уште излегуваат во јавноста. Една од најновите информации е дека во еден момент од минатата година, Џулија драстично изгубила тежина поради сè што се случувало во нивната врска, пишува „NW“.
Таа, наводно, престанала да јаде кога Дани ја запознал Кетрин Виник на сетот на филмот ‘The Mexican’.Тогаш анонимен извор откри дека Џулија поминува низ тежок период. „Кога и е тешко, таа ја запоставува исхраната и едвај може да спие, така што тежината сама се топи“, рече изворот. Дека изгледа поинаку, пред три месеци забележаа и папараците, кои во тоа време едвај ја препознаваа.
Во црна и неколку броја поголема комбинација на облека, таа потоа одеше низ соседството со своите кучиња. Без шминка и неисчешлана коса, таа шокираше многумина кои коментираа дека изгледа „распаднато и тажно“. Се чинеше дека фотографите не и пречеа, со оглед дека ги игнорираше и не се сврте на нивните довикувања.
Потсетуваме, неименуван извор ги откри деталите за нивната турбулентна врска во април. „Да, тие живеат во вила, но не е доволно голема за да не се сретнат, тие сепак се караат и „паѓаат ужасни навреди“, рече тој во тоа време. После тоа, Џулија објави фотографија со сопругот на Инстаграм и и даде до знаење дека сè е во ред. Патем, Џулија и Даниел судбоносното да го изговорија во 2002 година, и се горди родители на 15-годишните близнаци Финаус и Хазел и 12-годишниот Хенри.