Стрес, кофеин, болест: Зошто ни „игра“ окото?

popara21 јули, 20201min00
ефс

Нервозни сте бидејќи ви треперат очните капаците и образите, а не знаете што е причината за тоа. До оваа прилично иритирачка состојба која не можете да ја контролирате, доведува спонтаното грчење на мускулите во овој дел од лицето, без претходно известување. Миокимија, како што е професионално наречено, не претставува сериозен здравствен проблем, но пожелно е да се знаат причините кои доведуваат до треперење, за да навремено бидете предупредени, објаснуваат експертите. Како најчести причини наведени се :

* Стресот е главната причина за „играње“ на очните капаци и образите. Обично трае една недела, или сè додека трае стресниот период. Со цел да се избегне стресот или барем да се ублажи, а со тоа и оваа последица, неопходно е да се научат некои техники за релаксација. Исто така е важно е и вежбањето, повеќе сон и да се подобра организација.

* Кофеинот, исто така, може да биде причина активирањето, особено ако кафето се конзумира во неограничени количини. Со цел да се воспостави баланс во организмот, препорачливо е секогаш да пиете чаша вода заедно со кафето.

* Недостаток на магнезиум води до исти реакции на наведениот дел од лицето. Затоа проверете го нивото на овој минерал, и ако е откриен недостаток , треба да јадете спанаќ, бадеми, овес или магнезиумски додатоци.

* Понекогаш до „играње“ на капаците и образите може да доведе до сериозен медицински проблем, како што е случај со хипогликемија, Паркинсонова болест или некое друго невролошко пореметување. И со цел да се отстрани најмало сомнение за болест, посете го вашиот лекар.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag