Сигурно и вие како и повеќето жени, се соочувате со недостаток на место во вашиот гардеробер. Сепак, пред да паднете во очај, утешете се дека има решение со кое ќе можете да складирате двојно повеќе алишта во гардероберот. Се што ви е потребно се отворачи од лимени конзерви.
Доволно е да земете отварач, да го протнете низ куката од закачалката. Низ дупката на отворачот можете да протнете уште една закачалка и на тој начин можете да ги закачите сите алишта. Воедно, гардеробата ќе се тутка помалку.