
Пензионираниот американски боксер Мајк Тајсон наскоро може да се ослободи од епитетот „пензиониран“ и врз основа на тоа што го објавува, тоа ќе израдува многу фанови на боксот.
Пред една недела, Тајсон објави кратко видео од својата работа со тренерот Рафаел Кордеир, а во понеделникoт тоа видео беше продолжено.
Застрашувачката брзина и моќ со која 53-годишниот Тајсон удира во фокусерите на својот тренер и ги избегнува неговите напади, е нешто што се гледа одново и одново.
– Се вратив – рече некогаш најдобриот боксер во тешка категорија и еден од најмоќните во историјата на тој спорт.
Бидејќи првото видео излезе на Инстаграм, Тајсон веќе доби неколку понуди за борба, а пред некој ден дури и таткото на Тајсон Фјури, Џон Фјури, објави дека е подготвен да умре борејќи се против „кралот на старите“.
Судејќи според тоа што го гледаме, Тајсон во рингот воопшто не изгледа на старец.