Сутлијаш со чоколадо и банана: Здрав и неодолив десерт кој лесно се подготвува

popara4 ноември, 20201min0
156781_shutterstock-306135644_ls


Состојки:

200 гр ориз (измиен и исцеден)

2 лажици шеќер

1 ванилин шеќер

250 мл вода

250 мл млеко по ваш избор (растително или кравјо млеко)

2 зрели банани (изгмечете ги со вилушка)

50 гр црно чоколадо

цимет (по избор)

Подготовка:

Истурете вода и шеќер во шерпа со дебело дно, а кога шеќерот ќе се стопи, додадете го оризот.

Продолжете да готвите на умерена температура, мешајќи повремено, сè додека оризот не се зготви. Кога оризот ќе омекне, постепено додавајте млеко. Веднаш штом ќе се згусне сутлијашот, тргнете го од оган и измешајте ги бананите и растопеното чоколадо.

Мешајте со процесор за храна, така што масата е изедначена. Доколку е потребно, додадете малку повеќе шеќер.

Сервирајте топло или ладно, во стаклени чинии. Декорирајте со цимет.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag