Светот е воодушевен од љубовната приказна на Пријанка Чопра и Ник Џонас

popara4 јуни, 20201min00
282449_profimedia0495015415_ff

Актерката и поранешна Мис на светот Пријанка Чопра се присетила на првиот состанок со сегашниот сопруг Ник Џонас, на кој го направиле и првиот спомен. Тогаш не ни претпоставувале дека за неколку месеци после тоа ќе стојат пред олтарот.

За венчавката на Ник и Пријанка во 2018 година се зборувало повеќе отколку за венчавката на Меган Маркл и принцот Хари. Убавата индијка овие денови наишла на првата заедничка фотографија направена на 25 мај 2018 година и со неа се пофалила на Instagram.

  • Пред точно две години за прв пат се фотографиравме заедно. Секој ден од тогаш ми носиш среќа и радост. Те сакам Ник Џонас. Ти благодарам што го направи нашиот живот неверојатен – му порачала вљубената актерка на својот сопруг.

Парот се запознал во 2017 година на Мет Галата, и меѓу нив веднаш се појавиле симпатии, а на 1 декември 2018 година се венчале во Индија. Освен традиционална индиска свадба имале и венчавка според западната култура.

Пред самата венчавка, парот имал екстравагантно славење од три дена, се започнало со церемонијата пуја која се одржала во куќата на нејзината мајка, па потоа сагнет, церемонија на која нејзината фамилија танцува, па церемонијата мехенди кога на младата и се исцртуваат традиционални хена тетоважи по рацети и дланките. Последна од традиционалите индиски церемонии е халди која треба да го штити парот од зло и да ги благослови.

За венчавката во црквата Пријанка носела венчаница од дизајнерот Ралф Лорен, а токму тој е заслужен за нивното запознавање бидејќи ги повикал обајцата да дојдат на Мет Галата во Њу Јорк.

На венчавката во Индија присуствувало целото негово семејство кое го предводеле Кевин и Џо Џонас, некогаш славните членови на бендот Jonas Brothers, но и негови бројни пријатели.

Иако се шушкало дека се пред развод откако Ник, после венчавката, ја видел вистинската природа на својата сопруга, сепак нивниот однос е уште поинтензивен од ден на ден и покажува дека неизмерно се сакаат и уживаат еден во друг.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag