Своевремено ги освојуваше светските модни писти, сега живее во Австралија и е мајка на малата Каја, а пандемијата ја затекна дома, во Македонија!

popara9 јуни, 20204min00
maja 9

Пред петнаесеттина години Македонија имаше топ модели, манекенски имиња кои на сите ни беа добро познати и кои ги освојуваа светските модни писти и титулите на изборите за убавина.

Една од нив е и манекенката Маја Лазаровска, која може да се пофали со титулата Metropolitan Top Model, Miss Mediterranean, како и многу други, подеднакво важни.

Таа ја започна рано својата манекенска кариера и беше многу активна и ангажирана како модел на ревии за речиси сите наши креатори, каталози, модни списанија, насловни страни, музички спотови… Учествуваше на многу избори за убавина каде освојуваше бројни награди и заедно со Маја Сашек, Елена Бојаџиева, Викторија Јаначковиќ, Сања Николиќ, Натали Грубовиќ беа нашите врвни топ модели.

Од пред неколку години Маја со сопругот, кошаркарот Дарко Станимировиќ одлучија да ги спакуваат куферите и да заминат да живеат далеку од дома- во Австралија, каде Маја, како дипломиран филолог по Италијански јазик се запиша на постдипломски студии по сметководство и денес таа работи како сметководителка во компанија за сметководство во Мелбурн.

Чекорот на кој се одлучија со сопругот Дарко за нив воопшто не бил лесен, бидејќи заминаа сосема сами, оставајќи ги семејствата и пријателите во родното Скопје.

Денес, 5 години подoцна тие комплетно се навикнаа на животот во Австралија, а времето дополнително им поминува забавно кога пред година и половина станаа родители на преслатката Каја.

Иако толку далеку, Маја и Дарко ги користат сите прилики да дојдат дома, во Скопје и да се видат со своите драги луѓе.

Но ова доаѓање во родната земја Маја со сигурност ќе го памети.

Таа сама со ќерката Каја пристигна од Австралија уште во февруари, кога ареодромите не беа затворени и наместо дружба и убаво поминато време во Македонија, се случи пандемијата со Ковид-19, која освен што ги затвори аеродромите и границите, ги затвори и луѓето во своите домови.

Кога ќе се вратат дома не се знае, но убавата работа во сета оваа ситуација е што Маја е дома, со своето семејство, а баба и дедо се сигурно најсреќни што имаат прилика да им се изнарадуваат на палавштините на својата прва внука!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag