Таа беше сопруга на познатиот актер, а сега живее на улица и собира храна од контејнери: Колапс на поранешната манекенка!

popara19 октомври, 20202min0
насл

Поранешната сопруга на актерот кој се прослави со улогата на Хоби, синот на Мич во „Чувари на плажата“, беше фотографирана во близина на одморалиштето на плажата Венеција во Лос Анџелес, откако пред неколку години исчезна од јавната сцена.


Поранешната манекенка Лони Вилисон (37) и поранешна сопруга на sвездата на „Чуварот на плажата“ Џереми Џексон (40) беше видена на улиците на Лос Анџелес за прв пат по две години.

Таа во моментов е бездомник и зависник од дрога, а се бори и со многу психолошки проблеми, пренесуваат американските медиуми.

Поранешниот фитнес модел живее на улица од 2016 година. Таа била фатена како турка количка исполнета со облека, а меѓу предметите имало ќебиња и перница за спиење.
Со цигара во устата и неколку слоја стара облека, таа копаше низ контејнерите барајќи храна, а очевидци велат дека скоро никој не ја препознал.

Забележливо е дека изгледа многу постаро, а од нејзината поранешна долга руса коса нема ни трага. Таа сега има кратка коса со розови прамени.


Вилсон изјави дека се чувствува добро и дека не и е потребна помош.

“Не сум разговарала со Џереми. Не сакам да разговарам со моите пријатели, добро сум. Не сакам никој да ми помогне. Јас можам да се справам. Имам се што ми треба. На никој не му е гајле за мене и нема да ги гледам затоа што тиене сакаат да ме видат “, рече Лони и додаде:

“Немам мобилен телефон. Имам храна и место за спиење. Добивам пари тука и таму и има храна во контејнери и во близина на продавницата.

Инаку, Вилисон беше во брак со познат актер од 2012 до 2014 година.
Двојката имаше прилично бурна врска и сето тоа кулминираше со физичка пресметка летото 2014 година, кога Џексон ги скрши двете ребра на сопругата, и го повреди вратот и и го изгреба лицето.

Во 2018 година, таа исчезна откако пријателите се обидоа да ја убедат да оди на клиника за зависности.

Последен пат работела како асистент во центар за пластична хирургија во Лос Анџелес, а потоа во 2016 година доживеа нервен слом, по што доби отказ и остана без покрив над главата. Бидејќи не можеше ниту да ги плати сметките ниту да најде постојана работа, Лони на крајот беше исфрлена од нејзиниот стан во Западен Холивуд и принудена да живее на улица.

Во 2018 година, таа за медиумите изјави дека не се истуширала повеќе од една година и дека сака да биде што е можно повалкана за да избегне напади на улица.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma