Таа имаше 22, тој 39 кога се запознаа… се шпекулира дека се развеле затоа што двајцата биле геј…

popara4 април, 20201min00
naslovna

Ричард Гир и Синди Крафорд се запознале во 1988 година и раскинале во 1995 година. Ги донесуваме деталите за нивната врска за која пресудила разликата во нивната возраст.

Двојката се запознала во 1988 година, кога таа имала 22 години, а тој имал 39 години. Гир веќе тогаш бил еден од најпознатите актери во Холивуд, а нивната врска ги објавиле над 300 магазини низ целиот свет.

Тие за прв пат се запознале кај нивен пријател, фотографот Херб Ритс на скара. Синди рече дека разговарале со часови и отишле на прв состанок. После тоа, тие започнаа да се гледаат постојано, и не требаше долго да стане еден од најпознатите парови во светот на славните.

Тие се венчаа во истата капела каде заветите ги сменија Анџелина Џоли и Били Боб Тортон. Бидејќи решија да ја праватна свадбата во последна минута, немаа скапи прстени, но љубивта ја обединија со прстени изработени од алуминиумска фолија.

Сè на сè, љубовната идила траела уште четири години пред да се разделат. Тие најавија дека се разведуваат во 1995 година. По разводот, имаше бројни гласини, меѓу кои и тврдења дека тие се разделиле затоа што двајцата биле геј и биле во брак само за публицитет. Манекенката подоцна изјавила дека најголемата причина за нивниот прекин е големата разлика во годините.

Синди Крафорд на крајот имаше свадба од соништата , три години откако се разведе од актерот кога се омажи за Ранде Гербер. Двојката се венчаше на Бахамите и имаат заедно две деца.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag