Викторија Бекам објави фотографија на Инстаграм во жолто бикини и се пофали за тоа како ги поминува летните утра.
Модната дизајнерка и поранешна пејачка Викторија Бекам е активна на социјалните мрежи, а Инстаграм е нејзин фаворит, па затоа го споделува секојдневието со 28,5 милиони следбеници, а успеа да ги изненади со најновиот пост бидејќи не се навикнати да гледаат вакво нешто на нејзиниот профил.
Имено, 47-годишната Викторија крена прашина објавувајќи една од нејзините најсексапилни фотографии во последно време, во која изгледа навистина феноменално во жолтото бикини додека фаќа тен.
„Совршени летни утра“, напиша таа веднаш до фотографијата и доби бројни комплименти.
„Изгледаш убаво како и секогаш“, „Би сакала да изгледам вака додека се сончам“, „Вие сте совршена“, „Оваа боја изгледа прекрасно на вас“, „Вие само блескате“, „Тоа е летна вибрација “, коментарите и пристигнуваа од целиот свет.
Сексипилното селфи на Викторија се појави по веста за свршувачката на нејзиниот син Бруклин со американската актерка Никола Пелц, а целото семејство не го крие нивниот ентузијазам за веста.