Таа организираше приватна забава среде карантин и ги разбесни сите: „Мисли дека за неа нема правила затоа што е позната и богата?!“

30 ноември, 2020
download


И покрај пандемијата и карантинот, Рита Ора организираше роденденска забава во еден лондонски ресторан и ја налути јавноста со својот потег.

Поп-ѕвездата Рита Ора ги прекрши мерките на претпазливост поради пандемијата на корона вирусот со својата роденденска забава. Минатиот викенд Рита организираше тајна забава во лондонски ресторан со 30 лица, а со тоа ги разбесни здравствените работници.


„Дали мислат дека правилата не важат за нив ако се славни и богати? рече еден вработен во болницата. Британските власти ги ограничија сите јавни собири, земјата е повторно во карантин како и повеќето земји низ Европа, но Ора и нејзините пријатели успеаја да организираат роденденска забава во такви околности и ги игнорираа сите предупредувања.

Меѓу гостите беа и манекенките Кара и Попи Делевињ, сестрата на Рита, Елена и многу други. Судејќи според фотографиите објавени во британските таблоиди, Рита и компанијата не носеле маски и не држеле дистанца, туку токму спротивното. Тие биле фотографирани додека невнимателно пијат и танцуваат внатре и пред ресторанот, а во еден момент полицијата пристигнала таму.

Славната пејачка на тој начин ја разбесни јавноста со својот потег, а се уште не е познато дали ќе ги сноси санкциите. Властите во Велика Британија од 5 ноември до 2 декември ги ограничија јавните собири на минимум и забранија собирање на повеќе луѓе од различни домаќинства.

escort - Korsan taksi