Амбер Лук се изјасни дека е виновна по седум точки, вклучително и трговија со дрога, стекнување и поседување на дрога и приходи од дрога…
Инстаграм sвездата Амбер Лук (25) се изјасни како виновна за трговија со дрога. На почетокот на неделава требаше да открие каква казна ќе добие, но нејзиниот адвокат побара и доби одложување на рочиштето.
Обвинителството е уверено дека Амбер ќе оди во затвор затоа што обвиненијата се многу сериозни. Таа се изјасни за виновна по седум точки од обвинението, вклучително и трговија со дрога, стекнување и поседување дрога и приходи од дрога.
Лук на Инстаграм ја следат повеќе од 56 000 луѓе, кои ги привлече со својот необичен изглед. Таа потроши 99.000 евра за тетоважи, процедури и пирсинг. Таа има околу 600 тетоважи, вклучително и сино мастило во нејзините очи, што ја направи слепа три недели.
Го пресекла јазикот, ги зголемила градите, ставила полнила во образите и усните, го креванала задникот, па дури и вметнувала вградени импланти во ушите.
-Се мразев поголемиот дел од времето, таа омраза беше длабока и ме измачуваше. Сега, кога целосно се трансформирав во некоја со која сум горда, јас сум силна жена која знае што сака – изјави за странските медиуми на прашањето зошто е таква нејзината трансформација.
-Бев обична, го мразев својот изглед. Не бев јас, тоа беше досаден изглед – додаде таа.