Голите изданија се нејзин заштитен знак, а манекенката Емили Ратајковски (29) не се откажува од соблекувањето дури и за време на бременоста.
Нејзиниот Инстаграм е преполн со фотографии на кои носи само долна облека и костими за капење, кои самата ги дизајнира и е најдобра реклама за себе, но бидејќи објави дека чека дете, се чини дека почна да се соблекува уште почесто.
Па така, таа на социјалната мрежа објави уште една од низата фотографии од бременоста на која воопшто не носи ништо и го покажа растечкиот стомак.
Емили беше фотографирана во бањата по туширањето, а единственото нешто што ја покриваше беше водена пареа во огледалото.
Манекенката ја најави својата бременост кон крајот на октомври, што го стори и на видео во кое е целосно гола, а треба да се породи на пролет 2021 година.
На Емили ова ќе и биде прво дете, како и нејзиниот сопруг Себастијан Беар-Меклард, со кого е во брак од 2018 година.
Ратајковски се прослави благодарение на спотот на Робин Тике за синглот „Blurred Lines“ од 2013 година, во кој исто така е скоро целосно гола, и оттогаш стана една од најбараните модели во светот и во 2017 година го лансираше својот многу успешен бренд Inamorata.