Иако до скоро јавно патеше по неа, се чини дека Бен Афлек ја преболе поранешната сопруга.
Популарната актерка во подем Ана де Армас ужива во љубовта на Бен Афлек. Тие двајцата зедно го прославиле роденденот на Ана.
За тоа време Џенифер Гарнер, поранешната сопруга на Бен, ги чува нивните три деца. Актерката е неколку пати фотографирана на прошетка со децата, но сите носеле заштитни маски. Џенифер не била расположена да се среди, па била фотографирана во најопуштено и најприродно издание, а она што сите го приметиле е дека таа е намуртена. Дали нејзиното нерасположение е поврзано со Афлек и Арнас, не е познато.