Актерката Jordana Brewster (40) се разведе од сопругот Andrew Form, со кого има две деца.
Убавата актерка, која во серијалот Fast and Furious ја гледавме во улогата на сестра на главниот лик, во тајност и ја започна врската со, сега веќе поранешниот сопруг, на снимањето на филмот The Texas Chain Saw Massacre.
Jordana доби улога во филмот, а Andrew беше продуцент, па се состанувале скришно во нејзината приколка, раскажа таа пред неколку години.
Парот има две деца, а веста за разводот беше објавена по завршувањето на последното рочиште.
Убавата актерка повторно ќе ја гледаме во продолжението на Fast and Furious серијалот.