Познатите холивудски ѕвезди имаат премногу тајни кои не се познати за јавноста. Некои од нив водеа и двоен живот на кој никој не се надевал.
Оскаровецот Хоакин Феникс со години е многу ценет актер, а последната улога која ја воодушеви публиката беше улогата на социопатот Џокер. Како деца Феникс и неговиот брат Ривер се одгледани во религиска заедница позната под името “Божји деца”. Неговите родители се придружиле во заедницата во 70-тите години, па Хоакин патувал заедно со нив низ Јужна Америка. Оваа заедница била како култ. Откако целото семејство излегло од заедницата, тие оставиле се зад себе.
Актерот Рок Хадсон бил еден од најценетите имиња во Холивуд во 50-тите години, а глумел со Елизабет Тејлор и Џејмс Дин. Набрзо станал ѕвезда и се венчал со актерката Филис Гејтс. Причината за свадбата била неговата хомосексуалност, а агентите сметале дека ако се дознае во јавноста, ќе изгуби многу проекти. Бракот со Гејтс не траел долго, но Хадсон молчел се до 1984 година, кога јавно признал дека е геј, а воедно бил и еден од првите холивудски ѕвезди кои јавно зборувале за својата сексуалност.
Брус Џенер е роден во Њујорк во 1949 година, а за време на средношколските денови се истакнувал во атлетика, фудбал и кошарка. Подоцна дури учествувал и на Олипијада. Брус 40 години живеел со својата тајна. Откако во 2014 година објавил дека се разведува од својата долгогодишна сопруга Крис Џенер, го шокирал светот со одлуката да го смени полот. На 65 годишна возраст Брус станал Кејтлин, а денес живее со својата девојка во Лос Анџелес.
Легендарнара француска дизајнерка Коко Шанел до својата 27 година направила толку многу во кариерата и ретко кој можел да ја стигне во тоа. Направи револуција во модата со “малиот црн фустан” и водела успешна парфимерија, но во моментите на најголема слава и се случиле несреќи. Франција паднала под власт на Хитлер, а Коко во тоа време започнала врска со нацистот Ханс. Шанел наводно немала ништо против нацистичкиот режим бидејќи и самата била антисемитистка.
Рок ѕвездаѕа Алис Купер на сцената бил познат како “злобнит дечко” заради своето однесување, но работите зад камерите биле сосема поинакви. Алис израснал во христијанско семејство, неговиот татко и дедо биле пастори. По неколку години живот како рок ѕвезда Алис повторно им се вратил на старите навики, т.е. почнал да живее по христијанските принципи. Не се откажал од музиката, но се што правел на сцената било заради самиот настап, а кога ќе се симнел од сцената тој бил сосема друг човек.