ВО НОВИОТ британски документарец за животот на славната двојка Хари и Меган, се презентираат нови детали за односот помеѓу војвотката од Сасекс и нејзината јатрва Кејт.
Експертот за кралско семејство, Кејти Никол, во документарецот тврди дека работите меѓу Меган и Кејт се распаднале бидејќи Меган очекувала премногу од нејзината јатрва. Наводно, Меган очекувала Кејт да и го покаже секој чекор на прилагодување кон кралскиот живот, но сопругата на принцот Вилијам била премногу зафатена со обврски, што лично Меган го сфатила лично.
Како што тврди Никол, Кејт никогаш не помислила дека има многу заедничко со Меган, освен тоа што двете живееја во палатата Кенсингтон некое време. Двете потекнуваат од сосема различни светови, а нивните улоги во кралското семејство еден ден ќе бидат сосема различни. Врската на Меган и Кејт не напредуваше многу откако Кејт ја запозна како девојка на Хари.
Имаше тука и ситници, тврдат извори, како на пример кога јатрвите се договориле да одат на шопинг во Лондон заедно, а Кејт на крајот сама отишла со својот автомобил.