Тајно допишување: Никол Кидман и Том Круз ја обновуваат врската?!

popara19 јуни, 20201min00
profimedia-0295984281

Иако поминаа скоро две децении од нивниот развод, поранешната американска актерска двојка, 52-годишната Никол Кидман и 57-годишниот Том Круз, се најдоа во центарот на вниманието, откако американските таблоиди излегоа во јавноста со приказна за тоа како поранешните сопружници тајно се допишуваат и го кријат сето тоа од сопругот на актерката, музичарот Кит Урбан.

Имено, според „Entertain Times“, неименуван извор за странските медиуми изјавил дека актерката, која се разведе од ѕвездата на филмот „Тop Gun“ во 2001 година, „се гризе“ поради нејзината одлука и е исто така поттикната од фактот дека со нејзиниот поранешен сопруг има две деца, 25-годишниот син Конор и 27-годишната ќерка Изабел.

Како еден од доказите за нивните тврдења, таблоидот наведува и дека Никол отворено зборувала во медиумите за подобрувањето на врската со децата што ги посвоила заедно со Том, но заради фактот што тие се придржувале на Сајентологијата, не била во контакт со нив неколку години. Изворот објасни дека со подобрувањето на врската со синот и ќерката, Никол ја подобрила и својата врска со поранешниот сопруг.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag